Дома Актуелно ПМФЛ: Пукна „петарда“ во Тетово, Фелипе со евро-гол му донесе победа на Вардар

ПМФЛ: Пукна „петарда“ во Тетово, Фелипе со евро-гол му донесе победа на Вардар

Денес со почеток од 15:30 на македонските терени се одиграа натпреварите од шестото коло во првата македонска фудбалска лига.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во натпреварот кој Вардар го одигра на стадионот „Борис Трајковски“,успеаа да запишат победа против тимот на Ренова. Вардар славеше со резултат 2:1. Вардар до предност дојде во 26 минута од средбата преку Тигран Барсегјан, но до крајот првиот дел гостите успеаа да изедначат и тоа преку Рамадани во 40 минута. Домаќините во вториот дел го засилија темпото, се играше пред голот на Кобетиќ, а таквата иницијатива на Вардар беше посебно засилена во последните петнаесетина минути. Барсејган имаше прилика да го постигне и својот втор погодок, но неговиот удар од далечина заврши само во пречката. Но, Хуан Фелипе не погреши, Бразилецот со евро-гол во 83 минута успеа да донесе важна победа за неговиот тим.

Тетовска Шкендија стигна до нова убедлива победа на домашен терен, поразен беше тимот на Силекс со убедливи 5.:0. Хет-трик за Шкендија во овој натпревар постигна Емини. Со оваа победа домаќинот стигна и до петата победа во сезоната, единствен натпревар во кој клубо од Тетово не успеа да стигне до трите бода беше натпреврот против Победа кој заврши со резултат 3:3.

Тимот од Струмица, Академија Пандев, продолжува да прикажува сосема солидни настапи, тие на досегашните шест натпревари во првенството забележаа три победи, две нерешени средби и само еден пораз и тоа од моменталниот лидер на табелата, тетовска Шкендија. Последна жртва на Струмичани беше битолски Пелистер. „Пандевци“ во овој натпревар запишаа победа од 2:0.

Тимот на Работнички успеа да ја запише првата победа. „Романтичарите“ во првите пет кола не успеваа да стигнат до посакуваните три бода и токму поради тие пред ова коло се наоѓаа на последното место на табелата, а во денешниот натпревар против Победа во Прилеп со пресврт стигнаа до победата. Прилепчани рано уште во 4 минута стигнаа до предност преку Гешовски, а водство го зголеми Филип Најдовски со голот на 15 минути до крајот на првиот дел. Во вториот дел гостите од Скопје како да се разбудија и започнаа да прикажуваат подобра игра, а тоа се исплатеше. Во 58 минута Кире Маркоски погоди за намалување на предност, за само шест минути подоцна Сахити да израмни на 2:2. Маркоски со својот втор погодок донесе целосен пресврт, за конечните 2:4 да ги постави Жефри – Чинеду.

Во скопската пресметка на стадионот во „Чаир“, Шкупи беше подобар од Скопје со резултат 1:0, единствениот погодок на натпреварот беше дело на Кристијан Стојкоски во 23 минута од средбата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…