Денес на распоредот е 5. коло во македонската прва фудбалска лига.
Натпреварот кој привлекува најголемо внимание го играат Пелистер и Шкендија. Без разлика на формата ваквите дуели секогаш се посебни. Пелистер очајно ја започна сезоната и во овој момент се први фаворити за враќање во понизок ранг. Во првите четири кола битолскиот тим запиша четири порази, а освен тоа и не постигна гол.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
И Шкендија не може да се пофали дека има добар старт за своите шампионски амбиции. Дури во минатото коло тетовци ја забележаа првата победа, претходно ремизираа со Брегалница (3:3) и Тиквеш (1:1), а беа поразени од Ренова. Денес сигурно ќе сакаат победа и фаќање еден победнички колосек.
Академија. Пандев има одличен старт на првенството. Пандевци успеаа да забележат три победи во низа откако ремизираа во првото коло. Денес ќе се сретнат со „мајсторите“ за реми, екипата на Брегалница која сите четири натпревари од почетокот на сезоната ги одигра нерешено.
Струга Трим Лум, екипата која заедно со Академија Пандев и Брегалница се единствените непоразени гостува во кавадарци кај новајлијата Тиквеш. Струга после четири кола има две победи и две нерешени средби, се наоѓа на втората позиција на табелата со осум освени бода. Дека можат да бидат изненадување сезонава покажаа минатото коло кога со 4:2 го победија Шкупи.
Во останатите натпревари Шкупи го пречекува Скопје, Ренова е домаќин на Работнички, а Борец гостува кај Македонија Ѓорче Петров.
Сите натпревари се играат со почеток од 16:00 часот.
Фото: Шкендија