Дербито на вечерта во Лигата на шампионите се играше на „Енфилд“ каде што Ливерпул го пречека Интер.
Првиот натпревар во Италија, Ливерпул го доби со 2:0 и на крајот успеа да ја задржи таа предност иако тоа не им беше лесно. Во првиот дел не видовме многу прилики, по некоја имаше и на двете страни, но мрежите мируваа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лаутаро Мартинез во 62. минута постигна еден еврогол и го врати Интер во игра. Сепак, само една минута подоцна Алексис Санчез после еден невнимателен старт заработи втор жолт картон и беше исклучен.
Од тој момент Ливерпул ја контролираше играта и ја имаше топката во свој посед. Салах немаше среќа да постигне гол и два пати ја погодуваше стативата. На крајот Интер однесе победа која сепак не им беше доволна, па тимот на Клоп продолжува во следната фаза.