На Кристиано Роналдо не му беше потребно долго време да го импресионира неговиот нов тренер Андреа Пирло со својата работна навика.
Роналдо постигна три гола и имаше една асистенција во два меча од Серија А, па Пирло призна дека е импресиониран од Португалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сум видел се во животот додека бев играч, но слободно можам да кажам дека никој е е како Роналдо. Знаев дека е голем работник, но секојдневно ме изненадува со желбата за работа, за напредок. Тој искрено сака да биде подобар од претходниот ден, секојдневно да напредува“.
„Прв доаѓа на тренинг, последен си оди, иако говориме за играч што има 35 години и освоил се што може да се освои. Кристиано навистина ме импресионираше од првиот ден во клубот, тој треба да биде пример за сите останати“, истакна Пирло.