Легендарниот италијански плејмејкер Андреа Пирло даде опширно интервју во кое меѓу другото посочи и во кој фудбалер го гледа својот наследник.
„Во овој момент тоа е Френки де Јонг, кој според мене е најдобриот млад фудбалер од средниот ред. Го одликува силен карактер, одлична техника и поседува се што е неопходно да ја покрие поцизијата на централен играч за врска. Го гледа целиот терен и ја го следи движењето на сите соиграчи. Навистина е фантастичен“, изјави Пирло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пирло за италијанските медиуми зборуваше за вистинскиот проблем на Челзи и навиката на сопственикот Роман Абрамович, и откри како пропаднал неговиот трансфер на „Стенфорд Бриџ“.
„Не му беше лесно на Маурицио кој е одличен стратег. Беше потребно време за фудбалерите да се привикнат на неговиот систем на игра, и кога се случи тоа, дојдоа и добрите игри и трофеите. За мене, најдобар тренер со кој сум работел е Антонио Конте. Тој заврши одлична работа во Челзи, ја освои Премиер лигата и ФА купот, а го напушти клубот поради недоразбирања со сопственикот. Доколку ја погледнете историјата на Челзи во последните десет години ќе ви стане јасно зашто се променети многу тренери. Не е проблемот во тренерите, туку во клубот, во раководството“, смета Италијанецот, а потоа откри дека бил на чекор од Челзи.
„Додека Анчелоти беше во Челзи имав шанса да дојдам во Лондон и да играм во Премиер лигата. Меѓутоа, во Челзи тогаш проценија дека сум многу стар, иако имав точно 30 години. Втората шанса да играм во Англија беше во 2011 година, кога Манчестер Сити испрати понуда, но тогаш јас се одлучив за Јувентус“, открива Пирло.