Милан сезонава после долго време повторно ќе игра во Лигата на шампионите, а ждребот сакаше да играат во групата Б со Атлетико, Ливерпул и Порто.
„Добивме инспиративна и прилично тешка група, но ние сме Милан и логично е да имаме најголеми амбиции. Во група сме со клубовите со кои пишуваа историја, не треба да се напоменува дека екипите од оваа група заедно имаат 15 трофеи во Лигата на шампионите. Очекувавме вакво нешто, ќе се обидеме да направиме големи работи“, изјави Пиоли.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ќе потсетиме поради долгото отсуство од најелитното европско натпреварување Милан ждребот го дочека од четвртиот шешир.