Дома Фудбал Италија Пиоли: Интер и понатаму е главен фаворит за Скудетото

Пиоли: Интер и понатаму е главен фаворит за Скудетото

Eкипата на Милан се врати на врвот во Серија А откако вчера победи во дербито со Наполи 0:1. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Оливие Жиру.

Иако Милан е лидер во овој момент Пиоли истакна дека според него Интер е фаворитот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Интер и понатаму е фаворит затоа што се актуелни шампиони и имаат натпревар помалку. Имаат силен тим кој знае да победува. Оваа победа е важна, затоа што ја остваривме против силен тим. Пеформансите исто така беа одлични и треба да продолжиме во тоа темпо и во иднина“, изјави Пиоли.

Во овој момент на врвот на табелата Милан има 60 бода, Интер 58, Наполи 57 и Јувентус 53. За разлика од ривалите Интер има еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…