Дома Фудбал Италија Пиоли: Бевме фаворити на хартија со Болоња, но фудбалот не се игра на хартија

Пиоли: Бевме фаворити на хартија со Болоња, но фудбалот не се игра на хартија

Tимот на Милан вчера одигра само 0:0 во натпреварот против Болоња и така загуби два важни бодови во трката за Скудетото.

„Росонерите“ вчера играа добро и создаваа шанси, но изостана реализацијата. Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не смета дека неговата екипа имала психолошки проблем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Целосно ја отфрлам идејата дека имавме психолошки проблем. Тимот одигра со вистински карактер и темперамент, бевме квалитетни и во креирањето на шансите, проблем беше само завршницата. Игравме фудбал, но не можевме да постигнеме гол. Постојат и вакви натпревари во сезоната во кои ако постигнеш гол се оди полесно, доколку не како што минува времето станува се потешко“.

„Бевме фаворити пред почетокот на мечот на хартија, но фудбалот не се игра на хартија, се игра на терен. Сега не чека тежок натпревар против Торино на гости кој им одзема бодови на Интер и Јувентус. Според мене борбата за титулата ќе се одлучува во последните две кола“, изјави Пиоли.

Во овој момент Милан е лидер со 67 бодови, Наполи на втората позиција има 66, Интер е трет со 63, Јувентус веќе заостанува со 59 бода и тешко дека може сериозно да се вмеша во завршницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…