Откако денеска претходно Душан Тадиќ ја објави одлуката за повлекување од националниот дрес, сега во јавноста се огласи и селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.
Пикси и Тадиќ имаа несогласувања на Европското првенство по натпреварот против Англија кога Тадиќ не се најде во стартните 11, но сега барем според изјавата на српскиот селектор несогласувањата се надминати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот селектор порача дека ќе предложи Фудбалскиот сојуз на Србија да организира проштален натпревар во чест на капитенот.
„Ја почитувам неговата одлука и му посакувам многу среќа во продлжение од кариерата. Моја голема желба е да му се организира проштален натпревар. Ќе дадам таков предлог до претседателот Џаијќ и луѓето во Фудбалскиот сојуз. Тадиќ апсолутно заслужи такво нешто како големо име во српскиот фудбал и некој кој остави далбока трага во дресот на нашиот државен тим.
Ја следев неговата кариера од моментот кога во Војводина најави големи дострели и подоцна кога во Холандија, Англија и Турција израсна во еден од најдобрите играчи за врска во Европа. Од моментот кога дојдов на селекторската позиција во него препознав лидер и ми беше многу драго што ја носеше капитенската лента и дресот со број 10“, изјави Пикси.