Дома Фудбал Пике: Мислиме дека тоа што го прави Меси е нормално, ама не е!

Пике: Мислиме дека тоа што го прави Меси е нормално, ама не е!

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике тврди дека дури кога Лео Меси ќе се повлече од фудбалот ќе можеме на вистински начин да ја разбереме неговата големина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси во победата над Валенсија постигна два гола и стигна до бројката од 25 постигнати гола во Примера оваа сезона.

„Го гледаме најдобриот фудбалер во историјата. Се навикнавме и мислиме дека тоа е нормално, но знаеме дека тоа што го прави Лео ќе биде многу тешко да се повтори кога тој ќе престане да игра“, истакна Пике.

Барселона е втора на табелата со два бода заостаток и меч повеќе од Реал Мадрид, сепак Пике…

„Мислам дека имаме големи шанси да ја освоиме титулата, има уште многу натпревари до крајот, а разликата е мала“, смета Пике на 11 кола до крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ретко го гледаме во вакво издание: Погледнете како Меси вежба во теретана на 39 години (Видео)

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, не е познат по тоа што многу ч…