Дома Фудбал Пике: Играчите до смрт ќе бидат со Енрике!

Пике: Играчите до смрт ќе бидат со Енрике!

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике му даде целосна поддршка на тренерот Луис Енрике во овие кризни моменти во кои се наоѓа неговиот тим.

Каталонците доживеаа дебакло во Париз во Лигата на шампиони, а само неколку дена подоцна едвај го совладаа аутсајдерот Лаганес на „Камп Ноу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би сакал сите да се свртат назад и да видат каква работа заврши тренерот со нас. Ние сме со него до смрт. Сите заедно се обидуваме да го надминеме падот на формата. Овој тим заедно со Енрике освои 8 титули. Тешко е да се поверува дека памтењето може да биде така кратко“, изјави Пике.

Пике е свесен во каков момемт се наоѓа неговиот тим, но е сигурен дека Барселона многу брзо ќе излезе од кризата.

„Сеуште сме во игра во сите три натпреварувања, но вистина е дека во ЛШ ќе биде исклучително тешко. И порано бевме во можеби и потешки ситуации. Ќе се обидеме да играме како што знаеме до самиот крај“, заклучи дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…