По 12 години врска, на љубовта помеѓу Жерар Пике и Шакира и дојде крајот, тврди „Ел Периодико“.




Познатиот фудбалер се иселил од семејниот дом и се преселил во својот стан во Барселона, каде што живееше пред да ја запознае колумбиската ѕвезда. Странските медиуми тврдат дека пејачката го фатила фудбалерот во кревет со друга жена.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Ел Периодико“ тврди дека станува збор за 20-годишна русокоса која студира и работи како хостеса во Барселона.




Името на љубовницата се уште не е откриено, но новинарите на „Ел Периодико“ тврдат дека знаат се за неа.




За потсетување, Шакира и 10 години помладиот Пике се запознаа во Мадрид во 2010 година кога таа дојде да го сними спотот за навивачката химна на Светското првенство „Waka Waka“.