Барселона вчера го победи Лион со 5:1, а еден од погодоците беше дело на дефанзивецот Жерар Пике.
После натпреварот стоперот на Каталонците се пошегува со тренерот Ернесто Валверде и му порача да го проба на друга позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако забележам дека Луис Суарез е изморен тогаш ќе му кажам на тренерот да ме стави во напад. Се надевам дека ќе успеам да го убедам во тоа. Можам да ги видам сите предности кога во прашање се постигнатите голови. Секогаш сакав да им помагам на напаѓачите“, изјави Пике.
Сепак, пoкрај шегата дефанзивецот на Барселона остана прилично мирен кога новинарите го запрашаа за поранешниот соиграч од Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо кој еден ден претходно имаше одличен настап против Атлетико.
Пике доби прашање за хет-трикот на Роналдо, но продолжи да зборува за Меси.
„Големите ѕвезди се важни, но не можат сами да освојуваат трофеи. Да се има некој како Меси во тимот ви ја дава неопходната смиреност во натпреварите. Одигра одличен натпревар, постигна два гола имаше и две асистенции, една топка му беше извадена од самата гол-линија“, порача стоперот на Барселона.
Навистина интересен одговор на ѕвездата на Барселона. Очигледно е дека не сака да зборува за Роналдо во ноќта во која Барселона го обезбеди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.