Дома Луд Спорт Перишиќ поради финалето на Светското првенство ја презакажа свадбата

Перишиќ поради финалето на Светското првенство ја презакажа свадбата

Крилниот фудбалер на репрезентацијата на Хрватска, Иван Перишиќ се најде во незгодна ситуација пред финалето на Мундијалот, но сепак успеа да се извлече на многу добар начин.

Имено, тој оваа сабота требаше да биде кум на венчавката на својот пријател, Фране Јурчевиќ, но со оглед на тоа што Хрватска се пласираше во финалето на Мундијалот, свадбата е сепак презакажана, а Перишиќ го повика својот пријател во живо да го следи натпреварот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради новата ситуација, Јурчевиќ одлучи да ја презакаже свадбата за четврток за да може да присуствува и Перишиќ и за да може секој на мира да го гледа големото финале.

На сето додаваме дека Хрватска и Франција ќе го одиграат големото финале на „Лужники“ во недела од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…