Идниот викенд се враќаат возбудувањата во ракометната Лига на шампиони. Идниот викенд Вардар гостува во Шпанија на дерби пресметка против тимот на Барселона. Овој натпревар ќе реши многу работи во групата ако победи Вардар тогаш ќе биде многу поблиску до првото место кое носи директен пласман во 1/4 финалето.

Тренерот на Барса, Пасквал изјави дека иако имале доста повредени играчи, ќе се обидат да стигнат до победа против Вардар.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Повредите секогаш се дел од спортот, и затоа ние нема да плачеме. Имам доверба во оваа екипа, иако еден недостастува тука е друг да го замени, затоа и се дел од нашиот тим”, изјави Пасквал.

Од претходно на повреди се жалеа Јуре Доленец, Ласе Андерсон и Ваел Жалуз, а згора на тоа во изминатите денови повреди заработија и крилото Јанис Лен, првиот голман Гонзало Перез де Варгас, како и францускиот лев бек Тимотеј Нгесан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Филип Блажевски се враќа со бронза од ЕП до 21 година

Македонскиот таеквондист Филип Блажевски постигна значаен успех на Европското првенство за…