Дома Македонски спорт Мак фудбал Партизан бесплатно се засилува од Вардар

Партизан бесплатно се засилува од Вардар

Вардар како слободен играч ќе го изгуби Жуниор Реис Родригез или скратено Жунињо (23) и тој според информациите на српски „Телеграф“ ќе го засили Партизан.

Бразилецот бил избор на тренерот Саво Милошевиќ. Овој фудбалер со Вардар има договор до јануари 2020, но и покрај тоа тој се очекува да премине во Партизан како слободен играч ова лето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Причината поради која Жунињо нема да остане во Вардар се финансиските проблеми во изминатите месеци.

Овој фудбалер во Вардар пристигна пред само пет месеци во зимскиот преоден рок од редовите на Македонија Ѓорче Петров каде што одигра одлична полусезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…