Дома Фудбал Лига на шампиони Парите прават чуда: Меси, КР и Бензема играат за ист клуб во Лигата на шампионите во сезоната 2023/24?

Парите прават чуда: Меси, КР и Бензема играат за ист клуб во Лигата на шампионите во сезоната 2023/24?

Од почетокот на јуни, сопственикот на Њукасл Јунајтед е и мнозински акционер на четири водечки клубови во Саудиска Арабија, што би можело да значи дека трите најголеми фудбалски ѕвезди можеби ќе ги видиме „заедно“.

Саудискиот инвестициски фонд е сопственик на Њукасл Јунајтед од крајот на 2021 година, кој оваа сезона заврши на четвртото место во Премиер лигата, а наесен ќе игра во Лигата на шампионите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според „The Sun“, некој од големата тројка би можел да биде доведен да помогне на англискиот клуб: Лео Меси, Кристијано Роналдо или Карим Бензема.

Сопственикот на Њукасл Јунајтед во понеделникот на 5 јуни објави дека купил четири од најголемите клубови во Саудиска Арабија. Саудискиот инвестициски фонд стана мнозински сопственик на следните клубови: Ал Итихад, Ал Ахли, Ал Наср и Ал Хилал.

Кристијано Роналдо половина година е играч на Ал Наср, Карим Бензема во вторникот потпиша договор со Ал Итихад, а медиумите пренесуваат дека Лео Меси за неколку дена би можел да стане играч на Ал Хилал.

Англиските медиуми пренесуваат дека сопственикот на Њукасл би можел да се реши на необичен чекор, и да позајми една од ѕвездите во Премиер лигата.

„Ќе се обидат да донесат голема ѕвезда по мала цена“, најавибританскиот медиум.

Ко-сопственикот на англискиот клуб Џејми Рубен веќе го коментираше случајот и увери дека таквата постапка ќе биде легална. „За да го почитуваме финансискиот фер-плеј, ќе играме според правилата“, изјави тој за Business of Sport.

Правилата во Премиер лигата го фаворизираат и Њукасл. Тие дозволуваат позајмица на играчи од странство на неодредено време, што значи дека англискиот тим ќе може да ги позајми сите три ѕвезди одеднаш. Единствен услов е да им се обезбедат платите, а со оглед во чии раце се, апсолутно се е можно.

Секако, се уште не е исклучено Меси да остане во Европа бидејќи Барселона се бори напорно за негово враќање, а самиот Аргентинец нема ништо против таа идеја и се обидува да ја оствари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…