Дома Топ вести Паника на „Олд Трафорд“: Де Геа му постави услов на Јунајтед

Паника на „Олд Трафорд“: Де Геа му постави услов на Јунајтед

Де Геа брани во животна форма и со своите одбрани го спасува Манчестер Јунајтед, па беше логично „црените ѓаволи“ да спремат нов договор за Шпанецот.

Меѓутоа, Де Геа е голема желба на Реал Мадрид кој сака ова лето да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“. Шпанецот моментално се наоѓа „меѓу два огна“ и не е познато дали сака да остане во Јунајтед или да се врати во татковината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Де Геа му поставил услов на раководството на Јунајтед пред да стави потпис на новиот договор и тој е од финансиска природа. Имено, Шпанецот бара 350.000 фунти неделно, а „црвените ѓаволи“ со новиот договор му нудат 220.000 фунти.

Тоа значи дека Де Геа ќе остане на „Олд Трафорд“ само ако по сезона добива 18 милиони фунти, што навистина е премногу за едне голман.

Останува да видиме дали Јунајтед ќе се согласи на условите од Де Геа или ќе одлучи да го пушти во Реал и добро да го наплати неговото заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…