Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Лионел Меси поради повреда нема да биде дел од тимот на гостувањето кај Лориент, соопшти тренерот Галтие.
ПСЖ во своето соопштение посочи дека Меси нема да игра против Лориен како последица на воспаление и оток кој му се јавил во пределот на ахиловата тетива.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова веднаш го запали алармот во Аргентина, бидејќи Светското првенство започнува за две недели, а Меси треба да биде лидер на „гаучосите“.
„Повредата е од полесна природа и се очекува тој да се врати на тренинзите идната недела“, се наведува во соопштението од ПСЖ.
Сепак тренерот Галтие ги смири Аргентинците и потврди дека Меси ќе биде спремен веќе за следниот натпревар.