Дома Фудбал Репрезентации Пакета го одведе Бразил во финалето на Копа Америка 🎥

Пакета го одведе Бразил во финалето на Копа Америка 🎥

Репрезентацијата на Бразил вчера победи со 1:0 во полуфиналето на Копа Америка и обезбеди пласман во финалето.

Првата голема шанса Бразил ја имаше уште во осмата минута кога во центарот на вниманието беше Нејмар. Тој се најде во одлична прилика, но на крајот шутираше покрај десната статива од голот на Перу.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Само десет минути подоцна Нејмар повторно се закани. Од пет метри беше сам пред голманот на Перу кој повторно одлично го одбрани неговиот удар. Топката се одби до Ричарлисон, но Галесе и тоа успеа да го одбрани.

Сепак, во 35. минута Бразил имаше шанса да дојде до предност. Нејмар овој пат беше асистент и одлично го пронајде Пакета кој погоди за 1:0 и ги доведе „Кариоките“ во водство. Треба да се спомене дека Нејмар претходно со фантастичен дриблинг исфрли двајца играчи на Перу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Најискусните во Србија поставиле услов – или ние или Пикси!

Бурно е во Србија по вчерашната елиминација од Европското првенство уште во групната фаза.…