Раководството на Јувентус донесе одлука веднаш да му врачи отказ на тренерот Масимилиано Алегри на две кола пред крајот на сезоната.
Алегри поради недолично однесување во финалето од Купот на Италија доби суспензија од два меча. Тој не сакаше да поздрави со директорот на Јувентус, а потоа и нападна новинар на „Тутоспорт“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По ова, клубот организираше итен состанок и донесе одлука за итна смена на Алегри, кој секако требаше да си замине по завршувањето на сезоната.
Италијанските медиуми тврдат дека клубот веќе има договор со Тиаго Мота од Болоња, кој на лето треба да седне на кормилото на „старата дама“.