Роџер Федерер и дефинитивно го откажа настапот на Австралија Опен.
Оваа вест денес ја објави неговиот менаџер, Тони Годик.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Роџер одлучи да не игра на Австралија Опен 2021“, објави Годик.
Федерер има намера да настапи на турнирите кои доаѓаат после Австралија Опен. Неговата цел сега е што подобро да се опорави од повредата.
„Во изминатите два месеци Швајцарецот забележа голем напредок кога во прашање се неговите колена и физичка спремност. После разговорот со тимот заклучи дека за него долгорочно најдобро е да не игра на Австралија Опен“, изјави Годик.
Австралија Опен ќе се игра од 8. до 21. февруари.