Дома Македонски спорт Официјално: Тодоровски продолжува во Азербејџан

Официјално: Тодоровски продолжува во Азербејџан

Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација Тодор Тодоровски е нов фудбалер на Сумгаит од Азарбејџан.

23-годишниот Тодоровски летово се раздели со Серед и беше во потрага по нов клуб. Имаше неколку понуди од други клубови, но на крајот се реши да продолжи во првенството на Азербејџан.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сумгаит и е познат на македонската јавност од двомечот со Шкендија во евроквалификациите во 2020 година, станува збор за еден од најдобрите клубови во Азербејџан.

Во кариерата Тодоровски го носеше дресот на: Раднички Ниш, Осијек (втор тим), Шибеник, Вардар, Металург, Кожуф и 11-ти Октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…