Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички потпиша со Хајдари и Тодоровски до 2023

Работнички потпиша со Хајдари и Тодоровски до 2023

Фудбалскиот клуб Работнички по заокружување на летниот преоден рок се фокусира на фудбалерите од сопствениот погон. Клубот ја продолжи соработката со двајцата одлични млади фудбалери, младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски и напаѓачот Бујар Хајдари.

Фудбалерот за врска Димитар Тодоровски го продолжи договорот за една дополнителна година. Тој е дете на клубот и останува „романтичар“ до јуни 2023 година.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Напаѓачот Бујар Хајдари потпиша двегодишен договор со Работнички.

„По заокружувањето на летниот преоден рок, клубот се фокусира на продолжување на договорите на сопствениот кадар. Продолжувањето на соработката со младите и талентирани фудбалери отсекогаш било цел на Работнички. Димитар Тодоровски е веќе докажан првотимец, дете на клубот и младински репрезентативец и ни претставува особено задоволство што ќе остане во клубот и во наредниот период. Бујар Хајдари исто така потекнува од нашата младинска академија и веруваме дека ќе се наметне со целиот потенцијал во претстојната сезона“, изјави спортскиот директор Горан Станковски.

Работнички в недела, во продолжението на првенствената сезона на арената „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Брегалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…