Дома Фудбал Англија Официјално: Рекордерот Крауч верен на Стоук

Официјално: Рекордерот Крауч верен на Стоук

Високиот центарфор го продолжи договорот со клубот.

Питер Крауч го продолжи договорот со Стоук на уште една година и според истиот би требало да остане во клубот барем до летото 2019 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поранешниот англиски репрезентативец има 36 година, а во Премиер лигата настапува од 2002 година, но очигледно не му е доволно. Во Стоук пристигна во 2011 година од Тотенхем за 12 милиони фунти што во тој момент беше клупски рекорд.

Од тогаш постигна 43 првенствени погодоци, од кои три оваа сезона, а 58 вкупно. Во Премиер лигата го држи рекордот со најмногу постигнати погодоци со глава, но и забележа најмногу настапи како резерва.

„Питер е во Стоук подолго отколку во било кој друг клуб, а тоа доволно зборува што мисли за нас, а и ние за него. Има уште многу што да ни понуди. Навистина има 36 години, но и понатаму има големо влијание на играта, а тоа го покажа и оваа сезона“, изјави Марк Хјуз.

Освен по погодоците Крауч е познат и по шегите на своја сметка кои најчесто поврзани со неговата висина, но и по хуманитарните акции, а од оваа сезона стана и редовен колумнист во „Дејли Мејл“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …