Повеќе нема дилеми!
Како што во претходните денови се најавуваше, Реал Мадрид постигна договор со Сантос за ангажман на Бразилецот, Родриго.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 17 годишен фудбалер во 2011 година заигра за футсал тимот на Сантос, набрзо со добрите настапи и головите го сврте вниманието на себе. Потоа заигра за кадетите на Сантос каде што на еден натпревар постигна дури шест погодоци, по што доби повик и за селекцијата на Бразил до 17 години.
Во првиот тим на Сантос веќе испиша историја, станувајќи најмладиот стрелец во Копа Либертадорес, а во овој момент е најдобар стрелец на Сантос и член на репрезентацијата на Бразил до 20 години.
Сантос го објави постигнатиот договор на својот официјален сајт. Реал за овој фудбалер плати сума од 54 милиони евра. Родриго сепак нема веднаш да се пресели на „Бернабеу“, ќе остане уште една година во Бразил, до јули 2019 година.
O Santos Futebol Clube e o Real Madrid C.F. chegaram a um acordo para a transferência futura do atleta @RodrygoGoes. A ida do atleta ao clube espanhol está programada para julho de 2019.
Mais detalhes em https://t.co/XLLTyz4MaT pic.twitter.com/YLZ5O6J1ub
— Santos Futebol Clube (@SantosFC) June 15, 2018