Дома Трансфер зона Официјално: Ареола во Пари Сент Жермен до 2023 година!

Официјално: Ареола во Пари Сент Жермен до 2023 година!

Голманот Алфонс Ареола потпиша нов долгорочен договор со Пари Сент Жермен, потврди денес францускиот клуб.

Ареола се обврза на верност кон „светците“ до 2023 година, иако оваа сезона има мала минутажа и е резерва на ветеранот Џанлуиџи Буфон.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сепак, „сцетците“ во Ареола гледаат долгорично решение на голманската позиција и му понудија нов договор.

„За мене беше важно да ја продолжам кариерата во ПСЖ. Ова не е само клуб за кого играм, туку тоа е клубот на моето срце“, изјави Ареола.

Ареола е „дете“ на Пари Сент Жермен, а играше под наем уште за Ленс. Со „светците“ до сега освои две титули шампион на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…