Со помош на експертите за читање од усни откриено е што точно му рекол Алваро на Нејмар за време на дуелот помеѓу ПСЖ и Марсеј.
Нејмар беше еден од петмината играчи кои беа исклучени поради „тепачка“ на крајот на мечот. Се започна поради конфликтот помеѓу Алваро и Нејмар, а Бразилецот обвини дека добил расистички навреди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алваро го заврши натпреварот и мина без казна од официјалниот судија за своите ниски провокации, а денес е откриено што точно му рекол на Нејмар.
„Посран мајмуне“, му рекол Алваро на Нејмар.
Поради расистичката навреда Алваро може да биде драконски казнет и да добие суспензија од 10 до 12 натпревари.