Големо внимание во последните денови привлече веста дека Жозе Мурињо ќе го следи натпреварот помеѓу Црна Гора и Србија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жозе Мурињо вчера и се појави на стадионот, а медиумите ги интересираше поради кого Португалецот допатувал во Подгорица.
Португалецот натпреварот го следеше во друштво на Предраг Мијатовиќ.
Денес според информациите на српските медиуми, поточно „Хотспорт“, во фокусот на Мурињо биле напаѓачот Александар Митровиќ и Никола Миленковиќ.
Доколку нивните информации се точни Мурињо имал и што да види со оглед на тоа дека Митровиќ беше стрелец на двата погодоци за Србија во победата од 0:2, со што ја потврди одличната форма со која настапува за Фулам.
https://www.youtube.com/watch?v=dtXHkrHB1Q8