Дома Актуелно Откриено како и зошто Дембеле го одбил ПСЖ

Откриено како и зошто Дембеле го одбил ПСЖ

Ова лето многу се шпекулираше за евентуалниот трансфер на Осман Дембеле во Пари Сент Жермен, како дел од трансферот на Нејмар.

Еминентниот веддник „Екип“ открива дека Дембеле во ниту еден момент не помислил да се пресели во ПСЖ, па дури и ако Нејмар се вратеше на „Камп Ноу“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Весникот тврди дека Французинот не се плаши од конкуренцијата, но има за цел да стане најдобар фудбалер во светот и смета дека тоа е невозможно во Париз.

Дембеле само поради пристојност се согласил да зборува со тренерот на „светците“, Томас Тухел, кој го убедувал да се пресели во Париз.

„Тој ја сонува Златната топка и верува дека ќе ја земе во Барселона, каде е многу полесно да се триумфира во Европа“, образложува „Екип“.

Дембеле е самоуверен и смета дека ако нема проблеми со повредите брзо ќе се наметне во првиот тим и ќе биде клучна фигура во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…