Дома Трансфер зона Откриено каква понуда одбил Роналдо од Саудиска Арабија

Откриено каква понуда одбил Роналдо од Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо скоро цело лето се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед, но на крајот остана на „Олд Трафорд“.

Во еден период се најавуваше негов трансфер во Саудиска Арабија, клубот не се откриваше. Сега стигнува дополнување на оваа информација.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Имено, клубот кој сакал да го доведе Роналдо бил Ал Хилал и тие пред Роналдо доставиле понуда од 242 милиони евра за двегодишен договор. Пазарот во Саудиска Арабија е се уште отворен, меѓутоа веќе ситуацијата со Роналдо за овој преоден рок е затворена и барем до јануари сигурно ќе остане во Јунајтед.

Во Саудиска Арабија Роналдо ќе беше далеку од европскиот фудбал, а клубот од оваа земја сакаше малку да го одземе вниманието од Катар кој за два месеци ќе биде центарот на светот.

Инаку, во Ал Хилал играт Вието (поранешниот напаѓач на Виареал), Перуанецот Кариљо и Бразиелецот Матеуш Переира. Тренер на овој тим е славниот аргентински фудбалер Рамон Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рома и Јувентус блиску до договор за Киеза

Раководството на Јувентус одлучи да го стави на продажба Федерико Киеза ова лето. Киеза ис…