Дома Фудбал Англија Откриено зошто Санчез се смееше додека Баерн го „газеше“ Арсенал!

Откриено зошто Санчез се смееше додека Баерн го „газеше“ Арсенал!

Ветеранот во редовите на Арсенал, Петр Чех застана во одбрана на својот соиграч Алексис Санчез кој последните денови е под жесток притисок од навивачите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Причина за тоа е снимката од мечот со Баерн кога Санчез беше фатен како се смее на клупата додека Баварците ги демолираат „топџиите“.

Сега Чех објасни што се случувало на клупата за резерви и истакна дека ситуацијата била погрешно интерпретирана.

„Тажна е целата ситуација бидејќи нема врска со реалноста. Зборувавме на клупата дека се би било поинаку ако постигневме втор гол и веројатно тогаш камерите не фатија. Но, тоа не е таква насмевка како што мислат сите”, изјави Чех и додаде:

„Мислам дека тоа е големо непочитување кон играчот. Ние фудбалерите знаеме што точно беше кажано и знаеме дека тој беше разочаран исто како и сите други“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на една ера: Ван Дајк си заминува, кажа „да“ на друг гигант!

Вирџил Ван Дајк по осум години најверојатно ќе го напушти Ливерпул. Холандскиот стопер веќ…