Македонскиот напаѓач Илија Несторовски кој оваа сезона се натпреварува со тимот на Палермо во втората италијанска лига имал понуда за напуштање на клубот од Сицилија, но Маурицио Зампраини истата ја одбил.
Зампарини за италијанските медиуми откри дека владеел голем интерес за нашиот напаѓач, кој беше вистински лидер на тимот во минатата сезона. Директорот на италијанскиот клуб покрај сумата, даде и објаснување зошто го задржал Несторовски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Луѓето од Торино дојдоа да се распрашуваат за Несторовски и Рисполи, но тоа се фудбалери од огромно значење за нашиот клуб и ги задржав со цел да се вратиме во Серија А. Понудата за Илија Несторовски изнесуваше 2.5 милиони евра и не ми требаше многу време да размислувам за истата да ја одбијам“, откри Зампарини.
Палермо како што споменавме во новата сезона се натпреварува Серија Б каде што на стартот забележа едно реми и една победа. Единствените два гола за клубот од Сицијлија се дело на Александар Трајковски и Несторовски.