Изминатиот викенд се одигра дербито во македонското првенство помеѓу Вардар и Шкендија кое на крајот заврши без победник 2:2.
По ова реми Вардар на полусезоната замина со предност од осум бода во однос на Шкендија на врвот на табелата. Меѓутоа против Вардар за овој натпревар е отворена дисциплинска постапка за слаба организација, фрлање пиротехнички средства и недолично скандирање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шкендија во јавното соопштение кое го објави се жалеше на пет точки и бараше санкција и за Гачевски за дуелот со Жуниор, меѓутоа такво нешто нема да има.
Фото: ФК Вардар