Дома Македонски спорт Оливера Наковска-Бикова стана европска шампионка во стрелаштво!

Оливера Наковска-Бикова стана европска шампионка во стрелаштво!

Maкедонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова го освои златниот медал на ЕП во стрелаштво кое се одржува во Норвешка во градот Хамар и тоа во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во финалната серија во која имаше осум натпреварувачки македонската претставничка погоди 232.2 круга, пред Турчинката Ајсел Озган која имаше 231.5 круга.

Треба да се спомене дека ова не е обезбедена норма за Параолимписките игри во Париз во 2024 година, но затоа македонската натпреварувачка си обезбеди пласман за Светското првенство во ноември кое исто така ќе се одржи во Париз.

Александар Јовановски кај мажите во квалификациите го освои десетото место (547 круга) и му недостигаше само еден круг за и тој да се најде во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …