Турскиот ракометар со над 20 натпревари за турската сениорска репрезентација игра на среден (централен) бек и ќе биде одлично засилување за “новиот тим” на сино-белите под палка на Горан Андоновски.
Зад себе Озтурк има 55 настапи и за младинските селекции на Турција, со кои во 2013 година добил место во олстар-тимот на Балканското првенство, а на младинските Медитерански конфедерациски игри во Италија 2014 бил прогласен за најдобар централен бек во олстар-тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Озтурк во ГРК Охрид дојде од РК Металург, а претходно својата кариера ја градеше во Тото Спорт – Турција кој тим беше шампион во сезоната 2020/2021. Пред тоа играл за Гозтепе и Национал лотарија (Турција).