Иако Мауро Икарди одбива да го напушти Интер многу тешко ќе успее да остане во овој клуб и наредната сезона.
Антонио Конте беше јасен и има свој став, а тоа е дека за Икарди нема место во неговиот Интер.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тренерот на Интер пред неколку дена го исфрли Икарди од „Ватс Ап“ групата каде што на играчите им ги соопштува термините на тренинзите и слично.
Во борба за неговиот потпис се вклучи и Валенсија, но Икарди беше јасен дека или ќе премине во Јувентус или ќе остане во Интер.
Џанлука Ди Марцио пренесува информација дека во текот на ноќта имало состанок помеѓу Ванда и претставници на Интер.
Наводно е договорено Икарди да го продолжи договорот со Интер, но да оди на позајмица и тој клуб да има право на негов откуп.
Дали Ди Марцио има точни информации ќе дознаеме во текот на денешниот ден бидејќи денес завршува летниот преоден рок.