Утрово преку социјалните мрежи Еурофарм Пелистер потврди дека тимот ја продолжува соработката со репрезентативецот, Цветан Кузманоски.
Кузманоски е еден од најважните ракометари во актуелниот шампион на Македонија, па неговиот потпис секако ги радува навивачите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски останува верен на РК Еурофарм Пелистер до 2027 година. Раководството на клубот и репрезентативното крило се договорија за продолжување на соработката и во натпреварувачките 2025/2026 и 2026/2027 година.
Со огромно задоволство ја известуваме јавноста дека во реализацијата на договорот активно се вклучува реномираната градежна групација БВ Бизнис Груп од Битола, предводена од реномираната градежна компанија БВ Инженеринг од Битола, која превзема финансиска одговорност за реализација на овој договор и преку овој проект станува нов спонзор на РК Еурофарм Пелистер“, стои во објавата на клубот.