Дома Фудбал Останато Од финале во Лигата на Шампионите до седмолигашки клуб

Од финале во Лигата на Шампионите до седмолигашки клуб

Некогаш огромна надеж на англискиот фубал има нов клуб – 11. во кариерата.

Џермејн Пенант, поранешниот играч на гиганти како Арсенал и Ливерпул во 34. година од животот потпиша за седмолигашот, Билерикај Таун


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Некогаш големата надеж на англискиот фудбал требаше да направи голема кариера, но „главата“ никогаш не беше јасна кога тој беше во прашање. Често завршуваше во затвори поради лудо возење и пијанство.

Последниот сериозен фудбал го играше во Виган 2015. година, а по тоа повеќе не можеше да пронајде сериозен ангажман, па со само 32 години некогаш големата ѕвезда заигра по ниските лиги.

Во кариерата уште играше за Нотс Каунти, каде што ја започна кариерата, Лидс, Бирминген, Портсмут, Сарагоса, Стоук, Вулверхемптон, Пуна, Тампинес и Бери.

Ова за него ќе биде 11. клуб во кариерата, која остана недокажана, бидејќи имаше талент за големи работи кои никогаш до крајот не се реализираа, а останува чувството дека не беше ниту блиску. Тој е еден од фудбалерите кои својот талент го фрлија во ветер, а во самракот на кариерата заиграа за нисколигаши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…