Дома Фудбал Останато Овен со тешки критики за Капело: Тој е ѓубре, дојде да ја води Англија, а не знаеше збор англиски

Овен со тешки критики за Капело: Тој е ѓубре, дојде да ја води Англија, а не знаеше збор англиски

Освојувачот на Златната топка во 2001 година Мајкл Овен се повлече пред шест години кога имаше 33.

Во својата нова книга „Reboot – My Life, My Tim“, жестоко го критикуваше легендарниот италијански тренер Фабио Капело. Капело беше селектор на Англија и под негово водство Овен одигра само еден натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Фабио дојде со чувство дека мора нешто да промени. Првата промена бев јас. Без објаснување ја заврши мојата тешко стекната кариера во репрезентацијата. Не заслужив такво нешто. Не само што ја уништи мојата кариера, нанесе и штета на англискиот фудбал и за тоа беше неверојатно добро платен. Тој е вистинско ѓубре“.

Ниту остатокот од репрезентативците немале доверба во Капел ако веруваме на зборовите на Овен кој тврди и дека Капело дошол да биде селектор на Англија без да знае англиски.

„На првиот состанок со него забележавме дека е многу строг кога во прашање е храната, а втората работа беше што не знаеше ниту збор англиски. Само се погледнавме и се запрашавме: Па како нешто ќе ни објаснува!?“, изјави Овен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Маскерано нов тренер на Меси

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Хавиер Маскерано е н…