Дома Фудбал Останато Оваа лига ќе има бурна завршница: Седум клуба можат да испаднат и да играат во Лигата на Европа

Оваа лига ќе има бурна завршница: Седум клуба можат да испаднат и да играат во Лигата на Европа

Неверојатна ситуација во швајцарската прва лига.

Во поголемиот дел од првенствата во Европа се наближува самиот крај, а една од најбурните завршници ќе се случи во швајцарската прва лига.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во ова првенство останати се уште шест кола до крајот и владее голема неизвесност. Шампионот е познат тоа ќе биде Јанг Бојс, зад него сигурен е Базел, но од третата позиција па се до долниот дел на табелата и зоната на испаѓање разликата е верувале или не само шест бода.

Тун е третопласиран со четириесет освоени бодови, а Лугано е четврти со три помалку. Овие две места водат во Лигата на Европа и за нив во последните шест кола ќе се борат – седум екипи. Уште поневеројатно е што лигата брои само 10 клубови.

Ситуацијата е ваква, Јанг Бојс е шампион, Базел е вицешампион, Грасхоперс е испаднат, тоа се екипите кои нема да ги променат местата до крајот на првенството. Тун, Лугано, Сион, Лузерн, Сент Гален, Цирих и Хамакс до крајот можат и да играат Лига Европа и да испаднат во понизок ранг.

Во продолжение погледнете каква е ситуацијата оваа лига, Швајцарците ги очекува супер интересна завршница со многу возбудувања…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тер Штеген проговори за својот комплициран однос со Меси

Марк-Андре Тер Штеген и Лионел Меси делеле соблекувална седум години, во периодот од 2014 …