Натпреварот во Аргентина помеѓу Итуазинга и Депотриво Мерла се најде во поголем број медиуми, но не поради некоја фудбалска причина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веќе добро знаеме до каде оди ривалството во Аргентина, но вакво нешто е премногу и изгледа навистина страшно.
Имено, пред почетокот на овој натпревар, полицијата при рутинска контрола под трибините на гостинските навивачи пронашла вистинска – рачна бомба!?
Бомбата била пронајдена на два часа пред почетокот на натпреварот и веднаш биле повикани пиротехничари кои набрзо утврдиле дека бомбата била исправна и можела да биде активирана.
Не сакаме ниту да замислиме каква трагедија би можела да се случи во таква ситуација…
— Guido Valeri (@guidovaleri) November 18, 2018