Во позадина на двата лоши резултати стојат и други прични, а може ли ова да се протолкува како притисок кога во прашање е составувањето на тимот?
Веќе пишувавме дека Винчецо Монтела наскоро би можел да заработи отказ во Милано, а наредниот натпревар на „росонерите“ би можел да биде одлучувачки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан го очекува натпревар против Ријека, па потоа во Серија А ги очекува дербито против Рома, доколку Монтела на овие два натпревари не ги оствари посакуваните резултати после репрезентативната пауза Милан би можел да добие и нов тренер.
Во што е главниот проблем?
Наводно, Монтела ја налутил управата со формацијата која ја форсира и изборот на фудбалерите. Да потсетиме, Милан доведе 11 нови фудбалери ова лето, а од сите тие само петмина беа на теренот во поразот од Сампдорија.
На Монтела му се замерува што сеуште не го разиграл Андре Силва кој беше платен 40 милиони евра и кој не е само талент, туку фудбалер кој со Порто веќе играше во Лигата на шампионите. Тука е и Чалханоглу кој многумина го сметаат за најдобар фудбалер на „росонерите“ кога во прашање се техничките вештини, но ниту тој не е стандарден првотимец.
Критичарите истакнуваат дека Монтела на својата клупа држи играчи вредни околу 90 милиони евра.