Дома Македонски спорт Објавени групите: Шкендија може против Милан, Вардар против Ајакс и Фенербахче

Објавени групите: Шкендија може против Милан, Вардар против Ајакс и Фенербахче

За нешто помалце од еден час започнува ждрепката за плеј-офот од Лигата на Европа каде што место изборија македонските претставници Вардар и Шкендија.

Вардар се најде во групата каде што носители се Ајакс, Фенербахче, Лудогорец, Бате Борисов, Динамо Загреб, Макаби Тел Авив и тоа се можните противници на македонскиот шампион кој претходно беше елиминиран од Копенхаген во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шкендија која вчера одигра одличен натпревар и го совлада Тракаи со 3:0 се најде во првата група каде што најзвучно име е италијанскиот гигант Милан. Покрај Милан, тука се уште Динамо Киев, Краснодар, Клуб Бриж и Аустриа Виена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…