Дома Македонски спорт Мак ракомет НОРВЕШКА СЕПАК ПРЕСИЛНА: Ослабената Македонија го заврши СП!

НОРВЕШКА СЕПАК ПРЕСИЛНА: Ослабената Македонија го заврши СП!

Без Миркуловски и Манасков, останатите македонски ракометари предводени од капитенот Лазаров успеаја да се спротистават на фаворизираната Норвешка само во првото полувреме кое го завршивме со само два гола негатива 12:10. Во вториот дел, колата тргна низ брдо!

Нашите најдобри ракометари значајно ослабени поради повредите на Манасков и Миркуловски имаа сила само едно полувреме да се спротистават на фаворитот Норвешка. Натпреварот почна тешко, со два пенали за Норвежаните и две исклучувања на Марковски, но потоа успеавме да фатиме приклучок и да играме гол за гол.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓



Норвешка имаше 8:5, но потоа направивме комплетен пресврт за 9:8 за нас, но на крајот на полувремето промашивме неколку зицери и на одмор се замина со 12:10 за Норвешка.

Вториот дел беше сосема друга приказна, Норвешка целосно го разби нашиот отпор и почна да го зголемува водството, за на крајот конечниот резултат да гласи 34:24.

Танген и Јондал ја предводеа Норвешка до победа со по 6 погодоци. Кирил Лазаров беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија со 6 погодоци Стојанче Стоилов постигна 5, Никола Маркоски и Жарко Пешевски по 3, Влатко Митков постигна 2, Стефан Дрогришки, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Филип Лазаров и Гоце Ојлески постигнаа по 1 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…