Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез откри нови детали околу модернизацијата на „Сантиаго Бернабеу“.
Во мај 2017 година беше подготвен финалниот план, а денес беше одобрено финансирањето на проектот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Цената требаше да биде 400 милиони евра, но измената на проектот ја покачи сумата на 525 милиони евра“, изјави Перез.
„Сега има одлични услови за земање кредит, каматите се многу ниски и треба да го искористиме тоа. Најдобрата формула сега е финансирање на долгорочен план. Треба да се напомене дека новиот стадион ќе му носи на клубот годишен приход од 150 милиони евра“, додаде првиот човек на „кралевите“.