Дома Фудбал Италија Новиот договор на Кеси е приоритет за Малдини

Новиот договор на Кеси е приоритет за Малдини

Милан не сака да му се повтори „случајот Донарума“ и сака што побрзо да потпише нов договор со Франк Кеси.

Кеси одигра фантастична сезона и беше најзаслужен за добрите резултати на „росонерите“, а неговиот договор истекува следната година.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека приоритет за Милан е продолжување на договорот  и веќе започнале преговори со неговиот агент.

Малдини веќе имал средба со агентот на Франк Кеси и му понудил нов четиригодишен договор тежок 5 милиони евра по сезона.

За 23-годишниот фудбалер има интерес од многу клубови ширум Европа, па поради тоа Милан сака што побрзо да потпише нов договор.

Доколку Ромањоли ова лето го напушти клубот, Кеси ќе биде промовиран во кон капитен на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…