Франк Кеси минатото лето ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал Ахли.
Кеси не се снајде најдобро во Барселона и кратко му траеше авантурата на „Камп Ноу“, иако пристигна како големо засилување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега Кеси не е задоволен во Саудиска Арабија и сака повторно да се врати во Европа, односно во Серија А каде ја доживеа својата афирмација.
Силен интерес за него покажува Јувентус, кој е во потрага по играч за врска, а Алегри многу ги цени квалитетите на Кеси.
Кеси е спремен да прифати помала плата само да се врати во Европа и веќе почнал преговори со Јувентус.