Пари Сент Жермен ќе биде значително ослабен во дуелот со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, покрај Нејмар, првиот меч во Лигата на шампиони ќе го пропушти и италијанскиот плејмејкер Марко Верати.
Плејмејкерот има повреда уште од дуелот со Генгамп пред три недели, а иако требаше досега да се врати на тренинг, сепак Верати се уште не е рехабилитиран.
Се уште не се знае природата на неговата повреда и лекарите тврдат дека нема да биде спремен за натпреварот против Манчестер Јунајтед.
Отсуството на Верати е дополнителен удар за тренерот Томас Тухел на мечот со Јунајтед, кој е во фантастична серија.