Македонскиот репрезентативец Енис Барди во последниот период се поврзува со разни клубови бидејќи се очекува негово заминување од Леванте.
Договорот на Барди со Леванте е до 2024 година. Тој беше автоматски продолжен, а со тоа Леванте си обезбеди подобра заработка од неговото заминување. За услугите на Барди тие бараат најмалку пет милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот новинар Ектор Де Ла Вега сега пренесува дека интерес за Барди покажале Лидс каде што до лани настапуваше Езгјан Алиоски, но и италијанска Салернитана. Овие два клуба се нови на листата.
Претходно името на Барди се поврзуваше со Фенербахче, Лацио, Фиорентина, Лион…Сепак од клубот официјално потврдија само понуда од американската МЛС која Барди ја одбил поради неговата желба да остане во Европа.